Актуелни новости

10 ПРИЧИНИ ЗОШТО ДА УЧИТЕ СТРАНСКИ ЈАЗИК

Објавено на: 06.05.2019

Учењето на нов јазик може да го збогати животот на различни начини. Ова се само некои од нив:

   1. Патување

Уживајте во вашиот одмор уште повеќе, ако можете подобро да го запознаете локалното население. Ќе бидете помалку изложени на стрес и ќе се чувствувате поудобно. Луѓето се многу ценети од туристите кои се обидуваат да го говорат нивнипт јазик и да станат уште повеќе дружељубиви кон вас.

   2. Работа

Ако ги покажете вашите вештини за странски јазици во вашето CV, станувате попривлечни за работодавците. Во денешно време има голема конкуренција на пазарот на трудот, неопходно е вашето резиме да биде нешто подобро од другите.

   3. Когнитивни вештини

Јазичното учење ги подобрува способностите на мозокот. Многу студии покажаа различни предности што ги носи учењето на странски јазик. Тие вклучуваат подобра меморија, способност за мултитаскинг, па дури и отстранување на деменција!

   4. Добивање нови пријателства

Часовите по јазик се збир на поединци од различни профили и интереси. Излезете од вашиот социјален круг на луѓе и запознајте се со различни луѓе, со кои најверојатно не би биле во можност да искомуницирате и ли запознаете.

   5. Дознајте нешто за новите култури

Јазикот претставува огромен дел од културата на секоја земја. Дознајте повеќе за луѓето со учење на нивниот мајчин јазик.

   6. Разбирање на странска музика и филмови

Во моментот кога ќе учите некој друг јазик, се отвора еден нов свет на забава. Нема ништо полошо од гледањето синхронизирани или субтитрирани филмови. Доволно е само основно разбирање на јазикот за да уживате во филмот, во кој бил замислен во оригинал.

 

   7. Импресивни луѓе

Вие можете да бидете импресивни во странските ресторани  ако правилно ги изговарате оброците од менито.

   8. Вработување во странска земја

Познавање на друг јазик ви помага да си го остварите сонот во странство. Работа во странство е одлично искуство.

   9. Подобро познавање на вашиот сопствен јазик

Во процесот на изучување на странски јазик, станувате посвесни за вашиот мајчин јазик. Се покажа дека луѓето на овој начин всушност го подобруваат познавањето на нивниот јазик.

   10. Чувство за успех

Учењето не мора да престане кога ќе завршите со училиштето. Луѓе од сите возрасти учат нови јазици и ова им дава чувство дека постигнале нешто во животот

Прочитајте тука кои се 5 причини зошто да започнете да учите италијански јазик.

Училиштето за странски јазици Челинџ за мене е семејно училиште од времето кога јас одев таму на часови, а сега и мојот син. Традицијата на квалитет продолжува и денес со одлични професори како нашата Јелена.

Марина

Наставничката Кети е една од најдобрите и најпозитивните професорки по англиски во Челинџ. Знае да работи со деца и умее да го направи часот интересен. Не мотивира да продолжиме со појако темпо.

Искра

Јазиците се моја пасија и Челинџ ми овозможуваат да ја развивам.

Анкица