Актуелни новости

Челинџ на EdYOUfest 2019 – фестивал за професори по англиски јазик

Објавено на: 20.05.2019

Во соработка со Gallery TEACHERS - организација со седиште во Лондон, Англија, Challenge ја продолжува соработката, се со цел континуиран професионален развој на нашиот кадар. Понудата се однесува на сите професорки по англиски јазик во Р. Македонија.

Edyoufest е фестивал со ограничен број на наставници слушатели, којшто се одржува, еднаш годишно на различна локација. Годинава тоа е Milfield Enterprises, Street, UK, од 18 до 22 Август.

Тема: Психологија во учењето на јазик

Тројца пленарни професори и 12 работилници. Одлична локација, одлична можност за средби со колеги по пристапна цена. Сите информации ги имате овде, a за повеќе обратете се на телефоните на Јазичниот Центар Челинџ.

Училиштето за странски јазици Челинџ за мене е семејно училиште од времето кога јас одев таму на часови, а сега и мојот син. Традицијата на квалитет продолжува и денес со одлични професори како нашата Јелена.

Марина

Наставничката Кети е една од најдобрите и најпозитивните професорки по англиски во Челинџ. Знае да работи со деца и умее да го направи часот интересен. Не мотивира да продолжиме со појако темпо.

Искра

Јазиците се моја пасија и Челинџ ми овозможуваат да ја развивам.

Анкица