Актуелни новости

ЛЕТНИ ЈАЗИЧНИ ОНЛАЈН КУРСЕВИ - ЧЕЛИНЏ

Објавено на: 27.05.2020

Челинџ организира летни онлајн интензивни и супер интензивни курсеви за странски јазици.

Трите типови на онлајн курсеви се: СУПЕР 10, ИНТЕНЗИВЕН 5 и ЈУНИОР 3.

Овие курсеви се разликуваат од досегашните поради новите услови на примање на материјата - во домашни услови, како и заради можноста за пократко време да се совлада поголем материјал и конечно да се научи јазикот на соодветното ниво.

Super-10-devojka

Супер 10 – значи 10 часа неделно (вкупно 40), а за 4 недели се завршува еден степен во кој значајно се подобрува знаењето на јазикот, говорот, вокабуларот и пишувањето. 

Интензивен 5 - значи 5 часа неделно (вкупно 20), за доусовршување на постоечкото знаење, подобра комуникација, појасна граматика, значајно проширување на вокабулар и се што треба посебно да се подобри знаењето кај секој слушател.

Intenziven-5-dechko

Јуниор 3 – 3 часа неделно (вкупно 12), наменет за ученици за доусовршување на постоечкото знаење на слушателите, комуникација, граматика, проширување на вокабулар и слично, според потребите на слушателот.

Junior-3

Многу важно е да се напомене дека сите курсеви траат 4 недели (од 15 јуни до 10 јули), а еден час е 60 мин.

Одредувањето ниво ќе се врши онлајн.

Индивидуални часови:

  • Општ англиски/германски 20 часа
  • Специјализиран (IELTS, TOEFL, деловен) 20 часа
  • Општ англиски/германски 12 часа
  • Специјализиран (IELTS, TOEFL, деловен) 12 часа

Тимот на Челинџ е искусен и обучен за новата програма на онлајн курсеви така што ве охрабруваме да имате доверба во нашиот кадар и со задоволство да напредуваме и да учиме заедно. Бидете во трендот со времето и новите начини на учење.

Училиштето за странски јазици Челинџ за мене е семејно училиште од времето кога јас одев таму на часови, а сега и мојот син. Традицијата на квалитет продолжува и денес со одлични професори како нашата Јелена.

Марина

Наставничката Кети е една од најдобрите и најпозитивните професорки по англиски во Челинџ. Знае да работи со деца и умее да го направи часот интересен. Не мотивира да продолжиме со појако темпо.

Искра

Јазиците се моја пасија и Челинџ ми овозможуваат да ја развивам.

Анкица