Актуелни новости

ОД СЕПТЕМВРИ ЧЕЛИНЏ ЈАЗИЧЕН ЦЕНТАР И ВО ПРИЛЕП

Објавено на: 17.08.2016

Земајќи го предвид огромниот интерес за изучување на странски јазици од страна на другите градови во Македонија, Прилеп ќе биде првиот град во кој ќе отвориме училиште со врвни услуги кои долги години ги добиваат скопјани. Локацијата ќе биде во самиот центар на градот, веднаш до основното училиште “Климент Охридски“. Во тек се последните подготовки на училниците и просториите, со цел подготвени да ги пречекаме учениците на почетокот на учебната година. Училиштето ќе ги нуди добро познатите услуги на Челинџ: предучилишни, училишни, интензивни курсеви, подготвителни курсеви за меѓународни сертификати, како и преведувачки услуги.

Адресата е Кузман Јосифовски бр. 92, а за сè во врска со наставата и курсевите можете да се информирате на 075 430 300.

Училиштето за странски јазици Челинџ за мене е семејно училиште од времето кога јас одев таму на часови, а сега и мојот син. Традицијата на квалитет продолжува и денес со одлични професори како нашата Јелена.

Марина

Наставничката Кети е една од најдобрите и најпозитивните професорки по англиски во Челинџ. Знае да работи со деца и умее да го направи часот интересен. Не мотивира да продолжиме со појако темпо.

Искра

Јазиците се моја пасија и Челинџ ми овозможуваат да ја развивам.

Анкица