Актуелни новости

GALLERY TEACHERS ВО ЈАЗИЧЕН ЦЕНТАР ЧЕЛИНЏ

Објавено на: 27.11.2016

На 25.11. 2016 за првпат во Македонија гостин во јазичниот центар Челинџ беше Jason R Levine aka Fluency MC од Gallery Teachers. Тој е професор по англиски јазик и изминатите 18 години предавал англиски на деца, тинејџери, студенти и раководни лица во меѓународни компании. Слушателите од јазичниот центар Челинџ уживаа во неговата работилница Rhyme On Time и оригиналниот пристап кон изучување на англискиот јазик. Интерактивно дружење, музика и вистинска забава. Голема благодарност до Giovanni Rottura од Gallery Teachers и искрено се надеваме на понатамошна соработка и повторно гостување на Fluency MC во Скопје.

Училиштето за странски јазици Челинџ за мене е семејно училиште од времето кога јас одев таму на часови, а сега и мојот син. Традицијата на квалитет продолжува и денес со одлични професори како нашата Јелена.

Марина

Наставничката Кети е една од најдобрите и најпозитивните професорки по англиски во Челинџ. Знае да работи со деца и умее да го направи часот интересен. Не мотивира да продолжиме со појако темпо.

Искра

Јазиците се моја пасија и Челинџ ми овозможуваат да ја развивам.

Анкица