Челинџ - Јазичен центар

За Челинџ

НИЕ КАЈ ВАС, ВИЕ КАЈ НАС
Училиштето Челинџ е формирано во 1991 година. Почнавме како мало приватно училиште во време кога приватните училишта беа реткост. Нашите почетоци беа скромни, со една училница, мал број на слушатели и еден професор по англиски јазик, но со квалитетна работа низ сите овие години стигнавме до она што сме денес, а тоа е респектабилно училиште кое врши едукација на голем број странски јазици. Покрај англискиот јазик, во нашето училиште се изучуваат уште германскиот, италијанскиот, шпанскиот, францускиот, албанскиот, турскиот, грчкиот и македонскиот јазик за странци. Темпото на животот на современиот човек е такво што тој нема многу слободно време. Од тие причини ние се одлучивме за еден поинаков систем на организација на нашата работа. Наместо создавање на еден голем центар за странски јазици на некоја од локациите во градот, како што тоа беше случај во минатото со другите училишта, ние одбравме систем на истурени локации кои се блиску до Вашите домови и училишта. Така ние доаѓаме кај Вас, а Вие кај нас, како што прават вистински пријатели.

ЗАСТАПЕНОСТ И КОНЦЕПЦИЈА
Училиштето Челинџ има покриеност од 75% од територијата на градот Скопје. Нашиот менаџерски тим постојано работи на подобрување на ова поле, што резултира со отварање на новите локации кои започнуваат со работа секоја година. Курсевите за странски јазици се одржуваат на локациите Порта Влае, Карпош IV, Капиштец, Бутел, Радишани, Црниче, Аеродром, Ново Лисиче, Кисела Вода, Ченто и Драчево. Присутни сме во некои основни училишта и градинки каде што работиме со деца од училишна и предучилишна возраст. На нашите локации организираме курсеви и за возрасни слушатели кои се концeпирани во насока на учење на странските јазици во интензивните степени што овозможува оспособување за активно користење на странските јазици како и можност за нивно специјализирање во одредени области.

МОЖНОСТ ЗА УСОВРШУВАЊЕ
Специјалните курсеви кои Челинџ ги организира одат во две насоки: една се однесува на оспособувањето на слушателите да користат стручна терминoлогија во нашите деловни степени, додека втората подразбира подготовка на слушателите за полагање на испити за добивање меѓународни сертификати FCE, CAE, IELTS, TOEIC, Deutch Zertifikat.

ОПРЕДЕЛЕНОСТ ЗА КВАЛИТЕТ
Вистинскиот приоритет во училиштето Челинџ е квалитетот, а нашиот императив - неговото постојано подобрување. За таа цел, имаме воспоставено систем за постојана контрола на квалитетот кој без исклучок се применува на сите наши локации во текот на целата учебна година. Од април 2005. година носители сме на меѓународниот сертификат за квалитет ISO 9001: 2000 кој ни наложува строго почитување на процедурите за работа.

ЗАЛОЖБА ЗА КОНТИНУИРАНО ПОДОБРУВАЊЕ
Нашите настојувања секогаш се насочени кон подобрување на условите за работа, како во однос на училишниот простор така и во однос на осовременување на наставниот процес. Тоа подразбира опремување на нашите училишта со најсовремените методи за учење на странските јазици и наставните помагала како и со најсовремените учебници од реномираните светски издавачки куќи. На постојаните работни состаноци на наставниот персонал и координаторите на наставата постојано се разгледуваaт резултатите на наставата и се вршат неопходните промени и приспособувања.

Училиштето за странски јазици Челинџ за мене е семејно училиште од времето кога јас одев таму на часови, а сега и мојот син. Традицијата на квалитет продолжува и денес со одлични професори како нашата Јелена.

Марина

Наставничката Кети е една од најдобрите и најпозитивните професорки по англиски во Челинџ. Знае да работи со деца и умее да го направи часот интересен. Не мотивира да продолжиме со појако темпо.

Искра

Јазиците се моја пасија и Челинџ ми овозможуваат да ја развивам.

Анкица