Јазичниот центар Челинџ постои од 1991 година. Челинџ е едно од првите приватни училишта во нашата земја, а воедно и најголем центар за изучување јазици според бројот на слушатели. Во нашиот центар се изучуваат англиски, германски, француски, италијански, шпански, грчки, турски, албански јазик и македонски јазик за странци. Нудиме курсеви за сите возрасти и тие се прилагодени на специфичните потреби на истите. Воедно, Челинџ нуди можност за подготовка за некои од најпрестижните меѓународни сертификати за познавање јазик како B2 First (FCE), CAE, TOEFL, IELTS и други.
Нашиот принцип е достапност во поглед на цена и локација (присутни сме на повеќе наши локации во градот и пошироко, како и во неколку основни училишта и градинки), а наш императив е квалитетот и негово постојано подобрување. Од 2005 година носители сме на сертификат за квалитет ISO 9001:2015 и ISO 17100:2015.
Од март 2020 година, со цел соодветно да одговориме на новонастанатата ситуација наметната од пандемијата на Ковид 19, Челинџ ја пренасочи наставата од училница со физичко присуство во онлајн настава во виртуелна училница на една од најсовремените платформи за изведување таков тип настава, со цел безбедност, квалитет и чекор со светските трендови. Нашите настојувања секогаш се насочени кон подобрување на условите за работа, како во однос на училишниот простор така и во однос на осовременување на наставниот процес.
Наставниот кадар во јазичниот центар Челинџ е составен од искусни, професионални и креативни професори, секогаш достапни за соработка со кандидатите.