Јазичниот центар Челинџ на сопствена ОНЛАЈН платформа овозможува лесно и непречено учење од дома за време на пандемијата со КОВИД-19.
Секој јануари Челинџ организира интензивни курсеви посебно наменети за студенти и возрасни слушатели со цел побрзо и поефикасно да го научат саканиот јазик. Во зависност од интензитетот/бројот на часови во текот на една работна недела, курсевите се поделени на:
- Интензивен 3 – 2 пати по 90 минути неделно- одлична можност за динамично учење јазик.
- Супер 5 – 300 минути неделно – наменет за тие што сакаат брзо да научат и напреднат
- Индивидуални – наменет за тие што сакаат наставникот целосно да им се посвети во учењето на јазикот (конверзација, деловен, подготвителен, пишување итн)
Интензивен 3
Курсот е наменет за оние кои сакаат побрзо и поефикасно да го научат јазикот. Наставата се одвива онлајн и содржи три часа неделно (180 минути) со соодветна програма за изучување на потребното ниво.
Супер 5
Kурс за брзо совладување на материјалот и јазичното ниво. Направен е според програма која е светски стандард за изучување на странски јазици. Се’ што треба е да имате време и желба за да ги почувствувате придобивките од овој курс. Со негово посетување за 4 месеци се поминува едно цело ниво, на пример А1.
Индивидуални курсеви
Овие курсеви се една од најпопуларните и најпосакуваните можности за учење јазик, бидејќи се целосно прилагодени на индивидуалните потреби на кандидатот и гарантираат брзо и ефикасно совладување на јазичните вештини.
Побрзајте и резервирајте го своето место на ОНЛАЈН платформата на Челинџ најдоцна до 31 ЈАНУАРИ.
Аплицирајте на 2040 800, 2455 119, 3123 419 (од 09:00 до 21:00) или пополнете го формуларот за упис на нови ученици на нашата веб-страница.