Земајќи го предвид огромниот интерес за изучување на странски јазици од страна на другите градови во Македонија, Прилеп ќе биде првиот град во кој ќе отвориме училиште со врвни услуги кои долги години ги добиваат скопјани. Локацијата ќе биде во самиот центар на градот, веднаш до основното училиште “Климент Охридски“. Во тек се последните подготовки на училниците и просториите, со цел подготвени да ги пречекаме учениците на почетокот на учебната година. Училиштето ќе ги нуди добро познатите услуги на Челинџ: предучилишни, училишни, интензивни курсеви, подготвителни курсеви за меѓународни сертификати, како и преведувачки услуги.

Адресата е Кузман Јосифовски бр. 92, а за сè во врска со наставата и курсевите можете да се информирате на 075 430 300.