Во текот на последните месеци Челинџ и Бабилонија се договорија од следната учебна година 2018 да настапат со здружени сили. Одличните наставници од Бабилонија сега ќе бидат управувани од Јазичниот центар Челинџ, кој работи повеќе од 25 години. Со ова преземање учениците ќе влезат во добро познатиот систем на работа и програма која традиционално дава најдобри резултати. Секоја година, голем број ученици од Челинџ успешно ги полагаат испитите на Кембриџ и се стекнуваат со потребните сертификати за студирање или работа во странство.
Центарот Челинџ – Бабилонија се наоѓа во непосредна близина на основното училиште Блаже Конески во стар Аеродром, во новите згради Елена Лука. Просторот е одлично уреден и ги поседува сите потребни реквизити за правилно следење на наставата. Во центарот ќе бидат организирани курсеви по англиски, германски и француски јазик. Повелете во нашиот јазичен центар и запишете се на некои од курсевите во септемврискиот уписен рок кој трае до 15 септември. Можете да аплицирате на 2455 118 или на нашата веб страница challenge.edu.mk пополнувајќи го формуларот за упис.