Италијанскиот е еден од најмелодичните јазици во светот, кој ќе ви влезе под кожа со слушање само на една италијанска песна. Италијанскиот јазик е јазикот на културата, што значи дека долго пред да стане официјален јазик во самата Италија, тој бил јазикот на Данте, Петрарка, Бокачо. Освен огромното уметничко богатство, брендот “made in Italy” е потврден и во модата, музиката, гастрономијата (целиот свет знае за шпагети и пица), како и за атрактивната туристичка понуда на полуостровот.
Кога го сакаш италијанскиот јазик, ќе го сакаш начинот на живот во Италија, како и менталитетот и навиките на самите Италијанци. Ќе можете да разберете некои од феномените кои се само карактеристични за нив, на пример, ритуал на пиење на еспресо.
За многу луѓе, најтешкиот чекор при желбата за изучување на некој јазик е одлуката кој јазик да го одберат. Ние ќе ви олесниме – одберете италијански!
ПЕТ ПРИЧИНИ ЗА УЧЕЊЕ ИТАЛИЈАНСКИ ЈАЗИК
Се повеќе и повеќе луѓе ширум светот го избираат италијанскиот како втор јазик. Италијанскиот јазик го следи англискиот, шпанскиот и мандаринскиот кинески во рангирањето на најпопуларните јазици меѓу учениците.
Во реалноста постојат многу причини зошто луѓето, и возрасни и млади, сакаат да учат италијански јазик.
1. УЧЕТE ИТАЛИЈАНСКИ И ЌЕ ЈА ЗАПОЗНАЕТЕ КУЛТУРАТА!
Според УНЕСКО, повеќето од светското културно наследство се наоѓаат во Италија со 51 италијанска сопственост регистрирана во списокот на светско наследство. Всушност во Италија постојат повеќе ремек-дела по квадратен километар од било која друга земја во светот.
Италијанскиот е главен јазик на мелодрамата и операта, гастрономијата и модата.
Италијанските автори (од Петрарка, Данте, Бокачо до Грамши или Леопарди) се најпосакувани и читани во светот.
2. УЧЕТЕ ИТАЛИЈАНСКИ ЗА КУЈНАТА!
Сведоци сме на растечка опседнатост кон италијанската храна насекаде во светот. Едноставно животот не може да се замисли без добро парче пица, тестенини и лазања. Секој италијански регион има своја кулинарска традиција со типичен вкус кој варира од град до град. Со јазикот можеме да си го олесниме пристапот при посета на тие прекрасни региони.
3. УЧЕТЕ ИТАЛИЈАНСКИ ЗА ДА ГО ПОМИНЕТЕ НАЈДОБРО ВАШИОТ ОДМОР
Италија е една од главните туристички дестинации во светот.
Секогаш е убаво да може да комуницирате со локалното население на нивниот јазик. Значи, дури и ако одите на одмор само неколку седмици годишно, ова е одлична причина за изучување на италијански бидејќи локалните жители навистина ќе го ценат тоа што сте направиле напори да зборувате италијански со нив.
4. УЧEТЕ ИТАЛИЈАНСКИ ЗА ДА СТУДИРАТЕ НА НЕКОЈ ОД НИВНИТЕ УНИВЕРЗИТЕТИ
Италијанскиот универзитетски систем е конкурентен во широк спектар на дисциплини: три италијански универзитети – два од Милано, Политехничкиот и Боконио и еден од Рим, Ла Сапиенца – се истакнуваат меѓу првите 10 на светските рангирања на QS World University Rankings.
Покрај тоа, овие италијански универзитети се меѓу педесетите најдобри во светот во 21 дисциплина, шест повеќе отколку во 2017 година, постигнувајќи одлични резултати во многу различни теми како што се финансиите и археологијата, физиката и изведувачките уметности.
5. УЧEТЕ ИТАЛИЈАНСКИ ДА ВИ СЕ ОТВОРАТ НОВИ МОЖНОСТИ!
Без оглед на вашата намера да го користите италијански секој ден или повремено, познавањето на втор јазик може да ви користи на многу начини. На пример, на вашата биографија можете да напишете дека сте посетувале училиште за странски јазици и да имате побогато досие. Дека сте живееле во странство. Можете да создавате нови пријатели преку изучување на јазикот, да откривате и патувате на нови места и да го воодушевите вашиот потенцијален работодавач со стекнатите вештини.
Конечно, учењето на италијански јазик можеби не ви е неопходно во моментот, но затоа може да биде многу забавно, инспиративно, да стекнете нови пријатели, да ви се отворат нови видици кон иднината, да бидете побогат за уште еден јазик во вашето CV, да ја посетите Италија и да можете да го вежбате и усовршувате јазикот во пракса, е само мал дел од она што го прави Италијанскиот прекрасен јазик. Не се двоумете многу и повелете научете го брзо и лесно овој префинет и убав јазик.
„Англискиот јазик се користи, но италијанскиот се сака“